Don't Miss
Home / Вести / Хидросистемот “Стрежево“ инвестира 20.000.000 денари во цевководната мрежа

Хидросистемот “Стрежево“ инвестира 20.000.000 денари во цевководната мрежа

И покрај проблемите кои го следат работењето на компаниите со коронавирусот,  ЈП “Стрежево” – Битола покрај редовните активности за нормално функционирање на хидроистсмот, своите активости ги насчи и за реализација на нови инвестиции во  делот на водостопанската инфраструктура, со кои ќе придонесе не само   непречена реализација на сите предвидени проекти, туку и  зголемување на наводнуваните површини, како и намалување на загубите од вода, со што се создаваат подобри  услови за рентабилно земјоделско производство.

Ова го истакнуваат во ЈП “ Стрежево“  каде во тек е реализација на проект за рехабилитација на главниот цевковод Г-1 ( Драгарино -Могила)  и каде се врши замена на дотраените цевки фи-500mm со нови дуктилни цевки фи- 600mm во атарот на општина Могила.
           Со новата инвестиција се врши промена и на хидромеханичка опрема во селата Поешево, Кравари, Бистрица, Олевени и Жабени односно се инсталираат линиските затворачи фи 600mm на главните цевководи: 6Ц (Кравари – Оптичари), 7Ц (Бистрица) и 8Ц (Барешани-Жабени-Егри).
          -Со имплементацијата на овој проект и воспоставувањето на примарна инсталација ќе се придонесе да се подобри ефикасноста при користењето на водите, порамномерна распределба на водните ресурси, а ќе се  воведе парцијално исклучување во случај на дефект на цевковод со што ќе го добиеме посакуваниот ефект – економичност, користење, функционирање и одржување на хидросистемот “Стрежево”, како и воспоставување на услови за поуспешно стопанисување во целост, вели првиот човек на ЈП “ Стрежево “ Менде Граматковски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*