Don't Miss
Home / Uncategorized / Христијан Мицковски: Ако си оди Груевски прифаќам да бидам лидер на ВМРО ДПМНЕ

Христијан Мицковски: Ако си оди Груевски прифаќам да бидам лидер на ВМРО ДПМНЕ

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски на вечерашната прес конференција одговарајќи на новинарско прашање рече дека постои опција да биде кандидат за наследник на Никола Груевски.

Мицковски вели дека во овој момент е фокусиран на тековните активности на партијата, но додава дека постои опција да биде кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

-Во медиумите се вртат повеќе имиња, но она што можам да го кажам и сум сигурен е дека било кој од нив да биде иден претседател на ВМРО-ДПМНЕ, се разбира доколку оставката на сегашниот претседател Никола Груевски биде усвоена и прифатена на следниот вонреден партиски конгрес од страна на конгресмените, ќе значи следна победа на следните парламентарни избори, односно било кој да биде претседател на ВМРО-ДПМНЕ на следните избори убедливо ќе го порази Зоран Заев, рече Мицкоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*