Јавното претпријатие “Стрежево“ годинава нема да купува новогодишни подароци, календари и нотеси и средствата ќе ги донира на децата со аутизам.
Ваква одлука донесе менаџментот на ЈП “ Стрежево“
Според информациите од ова јавно претпријатие, новогодишните празници се традиционално време на дарување, а „Стрежево” одлучи со хуманост да ја испрати 2020 година, во која заради епидемијата на коронавирусот, сфативме дека поддршката кон општеството е најпотребна, велат од ова јавно претпријатие.
-Денес, со цел да ги развеселиме и стоплиме срцата на децата со аутизам, во овие студени зимски денови, им доделивме финансиски средства и новогодишни подароци.
Ваквиот настан е во насока на заложбите на претпријатието да се демонстрира хуманост, социјална инклузија на сите членови на општеството, но и да се посвети внимание на оние на кои им е потребна топлина, разбирање и поголемо внимание во пресрет на престојните празници” – изјави директорот на ЈП“ Стрежево “, Менде Граматковски,кој апелира и другите институции да го следат нивниот пример, бидејќи секое дете заслужува насмевка во магичните празнични денови, велат од ЈП Стрежево.