Мирно и без проблеми се одвиваше производствениот процес во капацитетите на АД ЕСМ за време на новогодишната ноќ.
Директорот на РЕК Битола, Пеце Матевски, ја дочека Новата година заедно со дежурните екипи во комбинатот.
Утрово во обиколка на најголемиот производствен капацитет за електрична енергија во земјава, РЕК Битола, беше и генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.
На вработените им посакаа здравје, среќа и успех на секое поле со надеж дека 2023 година ќе донесе нови работни успеси.