Don't Miss
Home / Свет / Играта “Pokemon Go“ ја удвои вредноста на “Nintendо“

Играта “Pokemon Go“ ја удвои вредноста на “Nintendо“

Сега истата изнесува  4.500 милијарди јени или 42,5 милијарди американски долари, со што ја надмина вредноста на јапонскиот технолошки гигант Sony, за околу 500 милијарди евра.

Феноменалниот успех на играта Pokemon Go, која засега е достапна во 35 земји, предизвика вистинска треска по акциите на Nintendo, изненадувајќи ги дури и некои од искусните играчи на пазарот капиталот.

-Никогаш не сум видел трендот цените на кациите на толку голема компанија да се менува толку брзо во толку кус временски период“, изјави Такаши Оба, стратег во компанијата „Okasan Securities“.

Цената на акциите на  Nintendo  пораснаа за 14,4 отсто, на 31,770 јени, скокнувајќи од лансирањето на играта на 6-ти јули за повеќе од 100 отсто. Прометот со овие акции достигна 703,6 милијарди евра, односно четвртина од вкупниот дводневен промет на берзите во Токио.

Успехот на играта Pokemon Go, кој ги изненади дури и нејзините автори, ги зголеми надежите дека Nintendо би можел да капитализира и на своите други популарни ликови како што се Zelda и Super Mario и да ја зајакне својата позиција во таканаречената проширена стварност.

-Виртуелната и проширена стварност беа во фокусот на пазарите, меѓутоа малку кој го очекуваше Nintendo во оваа област. Одеднаш Nintendo стана акција поврзана со проширената стварност. Според моите груби процени, продажбата на Pokemon Go и следните сродни игри ќе ја зголеми нето добивката на компанијата за 50 милијарди јени“, рекол за Reuters еден јапонски фонд менаџер кој сакал да остане анонимен.

Популарноста на играта Pokemon Gо произведе и изненадувачки раст на цените на некои акции кои и немаат некоја особена поврзаност со оваа игра. Така, акциите на пекарницата „First Baking“,денеска поскапеа за 18 отсто поради продажбата на Покемон лебот – спакуван во кесичка со ликот од франшизата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*