Don't Miss
Home / Uncategorized / Им се заканувал со пиштол затоа што го престигнале со возилото

Им се заканувал со пиштол затоа што го престигнале со возилото

Вчера околу 15.20 часот, додека Т.Б. (26) од Битола со своето возило, заедно со сопругата Х.З., нејзината сестра Е.З. и нејзиниот пријател Д.Д., се враќале од Нижеполе, ги претекнало возило „Киа Пиканто“ и на тој начин ја загрозило нивната и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Поради тоа, преку прозорците од возилата имале кратка расправија со возачот на “Киа-та“, по што продолжиле да возат.

Откако ги оставиле Д.Д. и Е.З., Т.Б. и неговата сопруга се упатиле на паркинг кај Саат кулата. Таму биле пресретнати од истото лице кое ги блокирало со своето возило, извадило пиштол и почнало да им се заканува. Лицето удирало по возилото и се обидувало да ја отвори вратата. По кратко време, на местото настанал метеж од други возила, кои не можеле да поминат, по што лицето влегло во возилото и заминало.

По пријавување на настанот во 20.55 часот на улица „Партизанска“ во Битола бил извршен преглед на патничко возило „Киа Пиканто“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Г. (29) од Битола.  Во СВР Битола бил извршен разговор со Д.Г. и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ по член 133 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*