Don't Miss
Home / Колумни / Има ли Македонија луѓе со претприемачки дух?

Има ли Македонија луѓе со претприемачки дух?

Пишува: Бранко АЗЕСКИ, претседател на Стопанската комора на Македонија

Има ли Македонија луѓе со претприемачки дух, кои се подготвени на големи предизвици, но и големи ризици заради реализација на големи потфати и на иновативни бизнис-идеи? Има, но многу малку за разлика од другите нации и држави каде што бизнисот е начин на живот. Што е тоа што ние имаме во бизнисот? Ние имаме поединечни успешни примери кои се исклучок од просечноста. Е, токму тие успешни примери по правило, кај нас се ,,сомнителни ликови” за јавноста. Наместо да станат пример за секој млад човек, тие личности се изложени на јавната сцена како објекти кои треба да се правдаат зошто се успешни.

„Успехот не се мери според позицијата на која се наоѓате, туку според тоа колку пречки сте успеале да надминете‟  – Букер Т. Вашингтон

Многупати се прашуваме колку пречки треба да се поминат и колку  чекори треба да се „изодат“ за да може една компанија да го направи бизнисот успешен? Всушност, во градењето успешна компанија нема темплејт дизајниран од едноставни чекори кој ќе го одведе бизнисот до успехот, ниту, пак, има предодредени чекори што треба да се поминат за да создадеме успешна компанија. Не постои волшебно стапче што ќе направи успех. Успешноста на бизнисот зависи од менаџерите на компаниите, тимот во компанијата  и, секако, на прво  место од преземените одлуки. Она што една компанија ја прави поуспешна  од  друга  е спремноста во своите одлуки да вклучи професионална консултантска куќа која ќе помогне во креирањето и донесувањето на правата одлука.

Една од најдобрите компании во овој бизнис и  компанија каде што клиентот ќе биде сослушан многу внимателно, каде што ќе ја добие консултантската услуга која е фокусирана пред сѐ на висококвалитетно застапување на интересите на потенцијалниот клиент е  компанијата „Консалтинг интер груп‟.

Предводени од претприемачкиот дух и иновативните размислувања и иницијативноста за развој на компаниите – „Консалтинг интер груп‟ прерасна во компанија која нуди комплетен консалтинг:

  • правен сервис: основање, раст и развој на компаниите, советување и правна поддршка, статусни промени;
  • финансиски сервис: пристап до финансии, изработка на бизнис-планови, економски проценки и анализи;
  • консалтинг околу интелектуална сопственост: заштита на идеја, производ, дизајн, лого и сл.

Како активни чинители во националната правна проблематика „Консалтинг интер груп‟ нудат професионален пристап во работењето, а брзите и практични решенија што ги нудат станаа нивен заштитен знак и се со минимална вклученост на клиентите, што е од особена важност за нивното деловно работење.

За оние помалку упатените, „Консалтинг интер груп‟ е и акредитиран финансиски фасилитатор за пристап до финансии ангажиран од Проектот на УСАИД за развој на деловниот еко-систем преку полесен пристап до финансии и официјални консултанти пред Фондот за иновации и технолошки развој и ИПАРД 2 – Програмата организирана од Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој. Благодарение на различните услуги кои ги нуди оваа успешна компанија, базата на клиенти значително расте, што им дава можност за усовршување, посветеност и квалитет во решавањето на правните проблеми. Компанијата континуирано го зацврстува квалитетот на своите услуги, преку соработка со бројни надворешни соработници и консултанти во повеќе области, како и финансиски и даночни советници, тим на адвокати кои со својата експертиза ја поддржуваат компанијата во сите проекти.

Зад оваа компанија гордо стои г-ѓа Пенка Мукаетова, која е основач и генерален менаџер на „Консалтинг интер груп‟, „виновникот“ кој го препозна Клубот на менаџери – претприемачи како место каде има можност за развој на сопствениот тим преку едукативните настани во текот на целата година, со однапред предвидена програма која вклучува повеќе настани месечно. Преку Клубот на менаџери – претприемачи  „Консалтинг итер груп‟ учествува на настани и програми кои во крајна линија придонесуваат за споделување знаење и искуство, со цел долгорочна поддршка на компаниите и создавање нови можности за раст и поврзување со партнери.

Нашите клиенти се секогаш во нашиот фокус помагајќи им во подобрување на стратешкото работење преку изработка на добри развојни и бизнис-планови со цел: зацврстување на позицијата во нашата држава, но и излегување надвор од границите и претставување пред меѓународната бизнис-сцена.  Најважно  од се` е дека со наша помош е олеснет патот за нашите клиенти  и нивниот пристап до финансии кој го нудиме преку нашите поддржувачи преку Проектот за развој на деловниот еко-систем на микро, мали и средни компании организиран од страна на УСАИД, ЕБРД, МВПР, АППРМ, START-UP Македонија, Македонската берза, Funder beam и други.

Продолжуваме да членуваме во Клубот на менаџери – претприемачи, каде на едно место ги следиме едукативните настани, разменуваме  идеи  и сме една од успешните приказни кои ги создава овој Клуб.

П.С.  Во следниот број ќе Ви претставиме уште една  членка на Клубот на менаџери – претприемачи при Стопанската комора. Станува збор за компанија која изработува конструкции според најсовремена германска технологија, кои спаѓаат во доменот на дрвена инженерска дрвоградба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*