Don't Miss
Home / Вести / Имплементиран проект за поттикнување свеста за организирање “ банка “ за храна

Имплементиран проект за поттикнување свеста за организирање “ банка “ за храна

                       

Здружението за поттикнување на економскиот и културен развој ЕРЦ СОРАБОТКА – Битола во соработка со БАГА ФУД, ЊУ ХАУС и хуманитарната организација УТЕШИТЕЛ од Битола имплементира проект Poverty of Humanity поддржан од програмата Европски Солидарен Корпус и Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност на Република Северна Македонија.

Проектот е во времетраење од 2 месеци односно од 15.09.2020 до 15.11.2020 каде две волонтерки од Република Турција и Република Чешка во активно работеа на неговата имплементација.

Целта на проектот е поттикнување на свеста на населението и младите за почесто организирање на банки за храна при што овој тип на активност е многу слабо застапен во регионот и балканот за разлика од другите европски држави.

Волонтерките волонтираа во фабриката на Бага фоод и Nu House палачинкара, при што за

возрат на волонтерските сати на завршниот настан Баге Фоод донираше конзервирана

храна на повеќе од 20 фамилии корисници на Хуманитарното здружение УТЕШИТЕЛ

од Битола.



Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*