Don't Miss
Home / Вести / Индија го затвора небото за авиони од Пакистан, нападот во Кашмир ги разбуди стравовите

Индија го затвора небото за авиони од Пакистан, нападот во Кашмир ги разбуди стравовите

Индија го затвори својот воздушен простор за авиони на пакистанските авиокомпании, јавија светските агенции, повикувајќи се на Известување до воздухопловците (NOTAM) издадено од индиската Влада.

Исламабад презеде сличен чекор пред неколку дена против авионите на индиските авиокомпании, поради зголемените тензии меѓу двете земји по нападот во кој загинаа 26 лица во индискиот дел на Кашмир, за кој Њу Делхи го обвини Пакистан.

Затворањето на воздушниот простор стапува на сила денеска и ќе трае до 23 мај, соопштија индиските власти.

Извор: МИА

Фото: Pixabay.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*