Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција рече дека на инфективното одделение во клиничката болница во Битола има 20 хоспитализирани пациенти.
Со ова како што рече тој, исполнет е капацитетот на оваа регионална Ковид Болница и дека од денеска натаму пациенти ќе се хоспитализираат во болницата во Охрид.