Don't Miss
Home / Uncategorized / “Интерворкс“ ја купи зградата на ТВ “Орбис“!

“Интерворкс“ ја купи зградата на ТВ “Орбис“!

                          

                    Нов сопственик на зградата на ТВ “ Орбис “ е фирмата Интерворкс.

          Оваа фирма, чие седиште во САД, а во Битола во населбата Карпош, која се занимава со ИТ компјутeрска технологија деновиве ја купи зградата на ТВ “Орбис“, која замина во стечај и престана да зрачи програма на македoнскиот медиумски простор.

          Засега не е познато по која цена е  продаден  објектот на ТВ “Орбис“, но според информации на порталот на Битолски весник последната проценка по која беше проценет овој објект  од вештите лица и по која беше понуден од страна на извршителот на продажба беше околу еден милион евра.

          Инаку зградата на ТВ “ Орбис “ беше нелегално изградена и долго време беше див објект, кој екс градоначалникот на Битола, Владимир Талески не го сруши.

          Подоцна тој со законот за легализација беше легализиран токму од Талески.

           Но од неразбирливи причини телевизијата која себеси се сметаше дека е во најмала рака  македонски ТВ Пинк, падна во долгови, замина во стечај и престана да зрачи програма.

          Инаку ТВ “ Орбис“ која беше милениче на претходната власт беше една од телевизиите кои најмногу добиваа средства  Владата на Никола Груевски и општинската каса на Битола.

          Иако таа важеше за една од “најмоќните “ телевизии во градот остана отворено прашањето зошто таа веднаш по смената на власта замина во стечај и за што беа потрошени огромните милиони  евра, кои телевизијата ги добиваше за “ рекламирање “ на политиките на Груевски и Талески.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*