Don't Miss
Home / Вести / Исчистени голем број депонии во Битола

Исчистени голем број депонии во Битола

                       

Во рамките на акцијата “ Генерака викенд “ Општина Битола,   заедно со јавните претпријатија, приватни фирми, основните и средните училишта, месните и урбаните заедници и граѓаните, денеска во Битола беа исчистени голем број диви депонии.

 Во акцијата “ Генералка викенд “ беа вклучени сите јавни претпријатија, осум основни и едно средно училиште,  шест урбани заедници, кои со граѓаните учествуваат во уредување на терените.

-Упатувам апел  до граѓаните, да си ја одржуваме и да си ја сакаме Битола малку повеќе, да не создаваме депонии, затоа што никогаш не можеме доволно да исчистиме колку што ќе се собере смет на овие места и насекаде низ Битола. Јавните претпријатија одржуваат во текот на своето работење, но помошта од граѓаните е многу добредојдена во секој поглед.  Голема благодарност до сите кои што се вклучија во оваа активност. Ние како општина  ќе настојуваме вакви акции да има почесто, а ние тековно со јавните претпријатија секој викенд, не само со ЈП „Комуналец“, ќе делуваме на терен“, рече градоначалникот  на Битола, Тони Коњановски.

Во акцијата се вклучија и членовите на КУД „Илинден“, заедно со жителите од урбаната заедница,  кои спроведуваа активности за чистење на УЗ „Даме Груев“, а во акцијата се вклучи и месното население од урбаните заедници „Панде Кајзерот“, „Васко Карангелевски“, „Ѓорги Наумов“, „Благојче Силјанов -Џуџето“ и други.  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*