Историската победа на Македонија над Германија од 1:2, во Дуизбург, низ објективот на нашиот специјален известувач и фоторепортер Димитар Петковски.
Успехот на репрезентацијата на Македонија над Германија од 1:2 ги разгали срцата не само на љубителите на фудбалот, туку и на сите граѓани на Македонија.
Победата над Германија, која одекна како вистинска сензација дојде како мевлем на рана по сите маки и страдања кои овој народ ги доживува повеќе од една година со пандемијата.
Овој успех покажа дека успехот што Македонија го постигна со пласманот на Европското првенство не е случаен.
Селекторот Игор Ангеловски создаде репрезентација за големи остварувања.
Како нашиот специјален известувач Димитар Петковски го дожива овој натпревар од квалфикациите за светското првенство најдобро зборуваат неговите фотографии и изјавата дека тоа што се случи во Дуизбург треба(ше ) да се види и доживее, оти се случува можеби еднаш на 100 години.