Don't Miss
Home / Македонија / Иванов: Национално помирување ни е потребно повеќе од кога и да било порано

Иванов: Национално помирување ни е потребно повеќе од кога и да било порано

Само со одговорно однесување на 11 декември ќе го означиме крајот на политичката криза и почетокот на националното помирување во Република Македонија, а помирувањето ни е потребно повеќе од кога и да било порано, порача претседателот Ѓорге Иванов, во своето обраќање на свечената академија по повод 8 Декември – празникот посветен на свети Климент Охридски.

– Повикувам предвремените парламентарни избори да ги завршиме достоинствено, онака како што и доликува на држава со 25-годишно демократско искуство. Досега многупати покажавме дека имаме институционален и демократски капацитет за да организираме и спроведеме фер и демократски избори, рече претседателот Иванов.
Тој оцени дека некои од нашите печатени и електронски медиуми и социјални мрежи често изобилуваат со лаги, извртувања и сензационализам, особено за време на политичката криза и предизборната кампања, а во дебатните емисии, според претседателот Иванов, има повеќе надвикување отколку убедување, повеќе монолози отколку дијалози.
Иванов ги повика политичките партии и од власта и од опозициијата во овие последни денови и последни часови на предизборието на одговорно однесување, рече претседателот Иванов.

– Само со одговорно однесување ќе се создаде атмосфера во која граѓаните со сигурност ќе знаат дека секој нивен глас навистина вреди. Само со одговорно однесување ќе се охрабрат граѓаните да излезат и да го дадат својот глас за програмата и партијата на која вистински и веруваат. Само со одговорно однесување ќе има услови едногласно да биде признаена и поздравена волјата на народот. Само со одговорно однесување на 11 декември ќе го означиме крајот на политичката криза и почетокот на националното помирување во Република Македонија. А помирувањето ни е потребно повеќе од кога и да било порано. Нема друг пат кон остварувањето на државните интереси освен преку национално помирување. Нема друг пат кон иднината на младите во Македонија освен преку национално помирување. Нема друг пат, освен патот на помирувањето“, рече македонскиот претседател во своето обраќање на свечената академија по повод 8 декември – Свети Климент Охридски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*