Манифестацијата “ Избираме најуспешни битолчани “ ќе се одржи в сабота, на 14 март во ресторанот Вавилон.
Битолски весник денеска и официјално доби потврда од министерот за здравство Венко Филипче дека Манифестацијата може да се одржи в сабота на 14 април.
На Манифестацијата не може да присуствуваат гости кои биле во странство или доагаат од ризичните европски земји.
По интензивните неколку дневни разговори околу организацијата на Манифестацијата со министерот Филипче, денеска Битолски весник и официјално доби одобрение да ја одржиме Манифестацијата.
Денеска Битолски весник и официјално ги извести сите учесници на Манифестацијата за датумот на одржување.
Со ваквата одлука на министерот Венко Филипче симнати се сите дилеми околу датумот на одржување на Манифестацијата.
Редакцијата на Битолски весник очекува дека на Манифестацијата лично да присуствува министерот за здравство Венко Филипче кој денеска ја прифати нашата покана да учествува на „Изборот на најуспешните битолчани 2019„