Don't Miss
Home / Вести / Изложба на детски ликовни творби во Центарот за култура

Изложба на детски ликовни творби во Центарот за култура

Во Фоајето на НУ Центар за култура во  Битола е отворена  Изложба на детски ликовни творби, изработени во рамките на шестата по ред Детска ликовна работилница на тема „Народната култура – Трајна инспирација“.

                   Со оглед на оклоностите предизвикани од вирусот Ковид 19, а со цел да не се загрози здравјето на младите ликовни творци шестата по ред детска ликовна работилница „Народната култура – трајна инспирација“ се реализираше ON LINE преку апликацијата ZOOM.

            Изложбата на детски ликовни творби на тема „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“ е воспоставена во 1975 година и во 2020 година го има своето 45-то издание во континуитет.

        Изложбата која е најстара од овој вид во  Македонија, па и пошироко, преку својот творечки континуитет, покажува дека зададената тема поседува универзални и уникатни вредности кои со текот на времето добиваат свежина и потенцијал.

            Преку реализацијата на изложбата, илјадници деца, ученици ширум  Македонија, заедно со нивните ликовни педагози неуморно истражуваат низ бесценетитот народен мозаик.

            Народните носии, везовите, ткаените изработки, изработките од бакар, сребро и злато, копаничарството, како и многу други делови од материјалното и духовното културно наследство претставуваат цел на детскиот интерес и инспирација.

Оваа година со свои колекции на изложбата да учествуваа 64 основни училишта од  Македонија со преку 1.500 творби од кои што  најуспешните 630 се изложени пред јавноста.

Изложбата ќе биде отворена до 20 декември

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*