Со отворањето на изложбата во културниот центар “Магаза “ на битолскиот уметник Панде Петровски „Пејзажна стилизација“, работени во акрилна техника беше означен почетокот на годинешниот фестивал „Илинденски денови“.
-Корона периодот го победив со четка, боја и со пренесување на мотиви од предели кои сум ги видел и длабоко меморирал“, истакна авторот Панде Петровски, кој на изложбата се претстави со над 40 уметнички дела.
-Оваа летна вечер е чувство на посебност, но и кога имате ваков ликовен уметник, ваков автор во својот град – исто така тоа е чувство на посебност. Прекрасни се уметничките дела на Петровски и не се сомневам дека ќе приреди нови’, рече градоначалничката Петровска во културниот центар „Магаза“ во Битола.
-За значењето на изложбата и придонесот во фестивалот „Илинденски денови“ говореше м-р Валентин Соклевски кој нагласи дека Панде Петровски е човек кој во континуитет остава трага во уметноста, во ликовната педагогија, во фолклорната традиција.