По претходно добиена пријава, битолската полиција синоќа во 22.30 часот, во изнајмен објект на ул.Елпида Караманди во Битола каде се одржувала прослава, затекнала малолетни лица кои конзумирале алкохол.
Полициски службеници од Оделението за криминалистичка полиција, Отсекот за општ криминал при СВР Битола и Полициската станица Битола, по пријавата излегле на местото на настанот и констатирале присуство на малолетни лица и дека постои основано осмнение за сторено кривично дело „Точење алкохолни пијалаци на дете“ казниво по чл. 204 ст.1 од Кривичниот законик.
Воедно на местото на настанот бил присутен и В.С.(19) од Битола кој го набавил алкохолот, а при контролата на присутните малолетници кај девет од нив е утврдено присуство на алкохол и истите се вратени на родителите. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.