Во Информативниот Прилог на РЕК Битола, кој излезе денеска во рамките на Битолски весник направена е груба ненамерна грешка.
Имено на 7 стр. во Списокот на наградените работници по повод 28 август, Денот на рударите за 2022 година, наместо конечниот, објавен е прелиминарниот список на кандидати за награди.
Поради пропуст на уредникот, кој го уредува Прилогот на АД ЕСМ, Подружница РЕК Битола и техничкиот уредник во Весникот е испечатен тој список, кој што се разликува од конечниот спискок на наградени работници.
Поради ваквиот груб пропуст направена им е штета на кандидатите кои биле номинирани, но кои не биле избрани за добивање на награди.
Поради тоа им се извинуваме на тие кандидати, а воедно во oвој текст го објавуваме конечниот список на кандидатите кои се наградени.
Од Редакцијата
СПИСОК
НА РАБОТНИЦИ ЗА НАГРАДА ПО ПОВОД 28.АВГУСТ ДЕНОТ НА РУДАРИТЕ
ЗА 2022 ГОДИНА
ЈАГЛЕНОВ СИСТЕМ
1. Расимовски Беркер
2. Стевановски Драги
3. Наумовски Томе
4. Поповски Златко
ПРВИ БТО СИСТЕМ ПЈС
1. Коруновски Љупчо
2. Трајковски Тони
3. Фидановски Горан
4. Мицевски Никола
ГЕОЛОШКА СЛУЖБА
1.Петрески Љупчо
ОДВОДНУВАЊЕ
1. Калиновски Живко
ВУЛКАНИЗАЦИЈА НА ТРАКИ
1. Стојановски Кире
2. Вељановски Николче
ПОМЕСТУВАЊЕ НА ТРАКИ
1. Наумовски Љупчо
2. Алиовски Ајдин
БАГЕРИ ЕШЕВИ
1.Дуртановски Кире
МАШИНСКО ОДРЖУВАЊЕ
1. Ангелевски Зоран
2. Гоце Тасевски
3. Димов Александар
4. Селими Лирим
5. Лечковски Менде
СИСТЕМ ЗА ДОПРЕМА НА ЈАГЛЕН
1. Петровски Благојче