Don't Miss
Home / Вести / Како Гибралтар ја победи епидемијата: Вакцинирани се речиси сите, забраните укинати

Како Гибралтар ја победи епидемијата: Вакцинирани се речиси сите, забраните укинати

Тешко дека со 34.000 жители Гибралтар е пример за другите, но е прво место во Европа каде што, благодарение на вакцинацијата, епидемијата во голема мера е совладана. Рестораните работат до доцна во ноќта, а ковид-позитивни нема.

Откако маски веќе не мора да се носи на отворени, Саманта Сакраменто секогаш има чувство дека нешто заборавила кога оди по улица.

-Мислам дека е психолошки допрва треба да се опоравиме, рекла министерката за здравство на малата британска област на јужниот ‘рт на Пиринејскиот полуостров.

Укинати се забраните за излегување, баровите и рестораните работат до два часот наутро, како и пред пандемијата. Шпанска телевизија снимала во Гибралтар и разговарале со луѓето како се чувствуваат после олеснувањата.

-Можеби наскоро ќе можеме да живееме како и претходно, рекла една келнерка.

Наспроти остатокот од Европа каде што мерките се заоструваат поради се поголемиот број на заразени.

Од друга страна, Гибралтар со 34.000 жители пикот на епидемијата го имала кон почетокот на јануари, со 172 новозаразени дневно. Вп малата британска прекуморска област смртта на 94 лица се поврзува со вирусот.

Последните неколку денови ковид-одделението во локалната болница „Свети Бернард“ е празно. Позитивни нема.

Тоа може да биде благодарение не само на раните остри мерки, туку и на вакцинацијата. Освен жителите, вакцинирани се и повеќе од 10 илјади луѓе кои живеат во Шпанија, но работат на Гибралтар и секој ден патуваат. Во Андалузија, соседниот шпански регион, ситуацијата со короната и вакцинацијата ни малку не е добра.

Вакцинацијата на Гибралтар, со вакцина доставена од Велика Британија, не е голем логистички предизвик – Гибралтар се простира на 6,5 квадратни километри.

Вакцинирани се речиси сите – 3 отсто од луѓето одбиле вакцинација. Во оваа област веќе функционира некој вид на ковид-пасош, односно изјави со кои луѓето потврдуваат дека се вакцинирани.

Иако, не е се како и претхдно. Администрацијата на Гибралтар игра со претпазливост, маски мораат и понатаму да се носат во продавниците. Неодамна је одржам Бокс-меч со 500 гледачи, кои морало да бидат потполно вакцинирани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*