Битолските вандали не мируваат.
По мала пауза, откако тие во два – три наврати ги уништуваа буквиите од знакот Битола кај Градскиот часовник, синоќа, засега непознати вандали дивееја кај Градското шеталиште.
Овој пат мета на битолските вандали беа канделабрите кај Шеталиштето.
Иако една од канделабрите беше доста добро зацврстена, сепак вандалите успеаја да ја срушат на земја и да ја уништат.
Овој вандалски чин наиде на остра осуда кај битолчани, особено кај оние кои секојдневно рекреираат кај Шеталиштето.
-Не можам да ја разберам оваа младина. Не знам што им сметаа канделабрите па да ги уништуваат, ни вели еден средновечен граѓанин, кој го осуди вандалскиот чин на битолските вандали.
Битолчани бараат надележните да ги преземат сите мерки и да ги санкционираат сторителите на овој вандалски чин.