Доцна синоќа пред битолските социјал демократи се претстави кандидатот за претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски.
Според него во оваа фаза во која се наоѓа партијата важно е да се отворат клучните прашања за проблемите во општеството, да заживеат месните организации, да се активираат старите членови кои со времето станале пасивни и да се формира одговорен и посветен тим кој носи одговорности.
За гласањето на внатрепартиските избори има уште двајца кандидати за лидер на СДСМ, Фросина Ременски и Јован Деспотовски.
-Имаме знаење, имаме потенцијал а СДСМ располага со многу квалитетни луѓе. Ако можеме да создаваме најквалитетни производи кои завршуваат на светски и европски најпребирливи пазари, можеме квалитетно да работиме и за напредок на земјата.
Ветувам поставување на способни и стручни лица на клучните позиции, целосно посветени на работата и во служба на граѓаните.
Најавувам ангажирање на дел нови лица, но и активирање на дел подзаборавени но искусни експерти. Кога политиката е опкружена со стручност, тогаш таа прераснува во менаџмент и конкретен резултат за граѓаните. Тоа е основната идеја на оваа моја реформска мисија“ истакна Ковачевски пред битолските социјалдемократи..