Don't Miss
Home / Вести / Карантин за Скопје, Штип, Куманово и Тетово

Карантин за Скопје, Штип, Куманово и Тетово

Предлогот на Комисијата за заразни болести е да се воведе карантин за престојниот викенд за цело Скопје, Штип, Куманово и Тетово од утре во 21 до понеделник до 05 часот. дознава Битолски весник.

Според нашите информации, за другите градови ќе има полициски час од 16 до 05 часот.

Викендов е Духовден или Задушница, кога традиционално, христијаните ги посетуваат гробиштата, се собираат многу луѓе на едно место и се дели храна.

Министерот за здравство Венко Филипче пред некој ден најави дека го имаат предвид празникот и одлука за тоа дали ќе се воведат поригорозни мерки во зависност од тоа како луѓето ќе се однесуваат.

– Сите опции се во игра – рече тогаш Филипче за Задушница.

Со оглед на тоа што бројките на заразени достигнаа оклу 100 на дневно ниво и на починати од 2 до 7, Комисијата за заразни болести на вонредниот состанок денес донесе таква одлука, за која последен збор ќе имаат на владина седница.

Вкупната бројка на дијагностицирани со ковид во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2 492, бројката на оздравени пациенти е 1 605, на починати е 145, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*