Don't Miss
Home / Uncategorized / Катица не дала исказ, чека да ги види доказите на Рускоска

Катица не дала исказ, чека да ги види доказите на Рускоска

По еден час поминат во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева повторно е на пат кон истражниот затвор „Скопје“.

Таа денеска не дала исказ пред обвинителката Вилма Русковска, а тоа според нејзината адвокатка ќе го стори дополнително.

-Во четврток Јанева ќе изврши увид во доказите и потоа ќе даде исказ. Денес бевме известени дека утре ќе ни биде врачено известување за завршување на истрагата. Тоа за нас е повреда, бидејќи обвинителката е должна да ја сослуша осомничената пред да ја затвори истрагата, рече адвокатката Ирена Фрчкоска.

Вториот адвокат на Јанева, Дељо Кадиев, рече дека по завршување на истрагата, ќе бараат нивната клиентка да биде пуштена од притвор.

-По звршување на истрагата отпаѓа и точката 2, влијание врз сведоци и ќе остане само точката за бегството, рече Кадиев.

Фрчкоска прашана за здравствената состојба на Јанева рече дека сега е добро, но дека пати од хронични болести, но и дека е под стрес и голем притисок.

Таа посчи дека Јанева не е вклучена во делот за Меѓународниот сојуз.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*