Денеска повторно ѝ се слошило на специјалната обвинителка во оставка, Катица Јанева, која од притвор со полициска придружба беше донесена на погребот на нејзината мајка во Гевгелија.
Како што објавуваат дел од домашните медиуми, на Јанева ѝ се слошило во капелата на градските гробишта во Гевгелија. Таа не ѝ се придружила на погребната поворка и по дваесетина минути повторно со полициско возило заминала во притворот во Шутка во Скопје.