Don't Miss
Home / Вести / Коњановски да ја објасни состојбата во јавните претријатија

Коњановски да ја објасни состојбата во јавните претријатија

-Градоначалникот Тони Коњановски да излезе пред битолската јавност и да каже колку должат битолските јавни претпријатија. Кои јавни претпријатија во Битола се пред банкрот? Кои услуги што ги плаќаат битолчани се доведени во прашање? Нема да се собира ѓубрето? Ќе нема вода за пиење? Што да очекуваат граѓаните од Коњановски и директорите на јавните претпријатија што тој ги назначи? Повисоки сметки за вода, ѓубретарина, нискоградба?

Наместо да се крие зад партиски соопштенија напишани од општинската администрација, го повикуваме Коњановски да објасни како планира да ги зголеми платите на вработените во јавните претпријатија кога директорот на Водовод тврди дека претпријатијата се пред колапс?

Дали Коњановски се откажа од субвенциите што ги вети пред еден месец за надминување на тешката состојба во која се наоѓаат за јавните претпријатија?

Ќе побара ли Коњановски одговорност од директорите за состојбата во која ги доведоа јавните претпријатија?

Дали Коњановски и неговите соработници планираат зголемување на сметките за граѓаните за да може тој да се фали дека ги зголемил платите?

Граѓаните заслужуваат одговори на овие прашања! истакна  Жаклина Наумовска, од СДСМ советничка во Советот на Општина Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*