Don't Miss
Home / Вести / Коњановски: Интезивирање на градежните активности

Коњановски: Интезивирање на градежните активности

Во насока на согледување на состојбата на градежните активности и интензивирање на динамиката на изведба, градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска на терен изврши увид на реализација на два инфраструктурни проекти: реконструкцијата на локалниот пат за село Трново и изградбата на детската градинка во АРМ.

Градоначалникот Коњановски, ја посети и локацијата на мостот кај Саат кулата, каде се изведуваат реконструктивни зафати.

Констатирано е дека, потребно е забрзување на градежните активности, со цел ефикасно финализирање на истите.

Со ваквото делување, градоначалникот Коњановски, продолжува и во следниот период, со цел завршување на што повеќе од инфраструктурата во Општината, пред промената на временските услови, информираат од Општина Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*