Копанки бисерот на Битола го враќа својот сјај!
Вака на фејсбук профилот напиша градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.
Тој денеска заедно со секретарот, директорот на ЕСМ Молика Дооел Битола и претседателот на ПСК Пелистер извршија увид во градежните активности на планинарскиот дом Копанки кои влегуваат во финалната фаза.
–Во моментот се привршуваат активностите за заокружување на карабината со покрив. Во следните две недели ќе продолжи поставување на лим на кровот и ѕидањето на страничните калкани. Следна фаза е застаклување и внатрешно уредување на објектот кое се очекува да биде завршено до крајот на идното лето. Битола се гради повеќе од секогаш, а една од најзначајните активности е и обновување на планинарскиот дом Копанки, култно место за битолчани кое го реализиравме заедно со ПСК Пелистер Битола-напиша на својот Фејсбук профил градоначалникот Коњановски.