Don't Miss
Home / Вести / Коњановски се увери во катастрофалната состојба на битолската противпожарна единица

Коњановски се увери во катастрофалната состојба на битолската противпожарна единица

           

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес ги посети вработените во територијалната противпожарна единица кои го запознаа со кататсрофаната состојба во која се наожа битолската против пожарна единица.

Пожарникарите, посебно ги акцентираа условите во кои работат и руинираноста на објектот, а како дополнителна тешкотија во функционирањето, го наведоа и застарениот возен парк.

На средбата, градоначалникот Коњановски ги информираше пожарникарите  дека токму поради ваквите сознанија, еден од главните приоритети во неговата програма е противпожарната заштита и создавање адекватни можности за квалитетно извршување на работата, а со тоа и зголемување на грижата за безбедноста на граѓаните и нивните добра.

.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*