Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски денеска упати честитка за Велигденските празници.
Почитувани мои сограѓани, драги пријатели,Светлината на денешниот ден нека ги исполни Вашите домови, нека внесе љубов и радост во семејствата, за да можеме во мир и хармонија да ги поминеме празничните денови, но и секој нареден ден да живееме со меѓусебно почитување, разбирање, хуманост и добрина. Нашиот Бог се жртвуваше земајќи ги врз себе нашите гревови. Доброто нека продолжи да биде наш водич кон светлата иднина. Да го славиме Воскресението и да се обидеме секој ден со добрина да го исполниме. Христос Воскресна!Навистина Воскресна!За многу години големиот христијански празник Велигден! стои во честитката на градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски.