Don't Miss
Home / Uncategorized / Комисијата го усвои Договорот со Грција

Комисијата го усвои Договорот со Грција

Комисијата за европски прашања го разгледа и со 10 гласови “за”, без нитуеден “против” и ниту еден “воздржан” му предложи на Собранието на Република Македонија да го донесе Предлог законот за ратификација на Конечната спогодба зарешавање на разликите опишани во резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации 817 (1993) и 845 ( 1993), за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство помеѓу страните.

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров во своето експозе пред присутните членови на Комисијата и пратениците, оцени дека постигнатиот Договор значи дека Македонија оди напред, одлучно и непоколебливо кон иднината.

-Ги жртвувавме митовите за да добиемереалност, изјави Димитров. Упати апел и кон опозицијата, цитирајќи извадоци одвоведот кон Карнегиевиот извештај за Балканските војни и изјави “Всушност нема спас, нема излез ни за малите, ни за големите држави, освен со обединување ипомирување”.

Претседателот на Комисијата, Артан Груби, обраќајки се пред членовите на Комисијата изјави дека овој Договор претставува гарант за иднината на неговите деца како и на сите деца во нашата земја.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*