Don't Miss
Home / Вести / Концертниот клавир од Заводот и Музеј пренесен во Официерскиот дом

Концертниот клавир од Заводот и Музеј пренесен во Официерскиот дом

По официјалното пуштање во работата на Офицерскиот дом како што стојат работите тој  во иднина ке биде храм на културата во Битола.

Денеска  концертниот клавир Bösendorfer , од досегашната локација во НУ Завод и Музеј Битола  е пренесен до резидентна концертната сала во Офицерскиот дом при ЈОУ КИЦ-Битола.

Со овој чин концертната сала при Офицерскиот дом на ЈОУ КИЦ- Битола, прераснува во еден од најекслузивните концертни простори за класична музика во регионот и отвора нови можности за презентирање на музичката култура од земјава и странство издигнувајќи ја ЈОУ КИЦ-  Битола во рангот на културни установи со високи концертни перформанси .

Наскоро јавноста ќе ја има и можноста да присуствува на првите концертни настани предвидени со програмата на КИЦ Битола , а со нетрпение се очекува и овогодинешното издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“ , во нови услови и секако со нови домаќини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*