Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Општина Битола, Христо Кондовски, денеска положи свежо цвеќе на гробот на Милтон Манаки, на Влашките гробишта во Битола.
„Браќата Манаки, како први сниматели на Балканот, дале огромен придонес за светската кинематографија. Нив им должиме што Битола ја поставија високо на светската мапа на филмот! Чест ми беше денеска да положам свежо цвеќе на гробот на Милтон Манаки на Влашките гробишта и заедно со Коста Хаџи Антоновски, еден од основачите на фестивалот „Браќа Манаки“ и оние кои сега преку фестивалот го продолжуваат нивното големо дело, да им оддадам должна почит. Нека им е вечна слава!“-изјави тој.