Don't Miss
Home / Вести / Конзулката од Битола- битолското чупе како глас за родова еднаквост

Конзулката од Битола- битолското чупе како глас за родова еднаквост

Кукла – робот опремена со мегафон, дизајнирана да ги анимира и едуцира граѓаните, но, и да ги поттикне да говорат за родовата еднаквост преку интеракција насловена како „Конзулката од Битола”, беше поставена на Градското шеталиште во Битола која предизвика големо внимание кај битолската јавност.

На уметничката акција присуствуваше и почесната француска конзулка во Битола, Калиопа Кривашија-Стилиновиќ, која изрази поддршка за родова еднаквост на жените и девојчињата во Битола и пелагонискиот регион.

Многу важна тема третирате на еден интересен начин. За мене, родовата еднаквост е многу значаен, нема да речам феномен, многу значајно нешто. Ако е дел од фундаменталните човекови права зацртани во Повелбата на ОН, тоа зборува, едно фундаментално човеково право кое што дополнително е во петте први од 17-те приоритети на агендата на ОН 2030. За родовата еднаквост треба да се зборува и меѓу младите да се зборува, да стане еден иманентен дел од нашето секојдневно живеење, да се зборува на најмала возраст и многу е значајно да се споменува дека девојчињата, девојките, жените подеднакво да бидат третирани со машките деца, со дечињата, со мажите затоа што на некој начин треба на сите како основно фундаментално човеко право да имаме ист пристап и исти можности, меѓутоа и исти одговорности, изјави почесната конзулка на Франција во Битола, Калиопа Кривашија-Стилиновиќ.

Изработката на оваа кукла-робот е во организација на Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив – Битола, во соработка со Центарот за современи уметности од Скопје и скулпторот Озбек Ајваз.

Уметноста е клучна во секојдневието и може да придонесе до секоја тема, затоа дојдовме до оваа идеја да ја направиме битолската конзулка и да ја прикажеме битолската конзулка како кукла-робот која ќе зборува за родова еднаквост, рече скулпторот Озбек Ајваз.

Со поставување на куклата-робот, иницијативата има за цел да допре до широка публика, вклучувајќи ги децата и нивните родители, кои инаку ретко наидуваат на дискусии за оваа витална тема.

Преку овој креативен и интерактивен пристап, иницијативата „Конзулката од Битола – битолското чупе како глас за родова еднаквост“ не само што ќе едуцира и инспирира, туку и ќе поттикне трајни промени во тоа како се перципира и се залага родовата еднаквост во Битола – велат од здружението Интерактив од Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*