Don't Miss
Home / Uncategorized / Косовскиот амбасадор во посета на Битола

Косовскиот амбасадор во посета на Битола


Косовскиот амбасадор Ѓерѓ Дедај  денеска  ја оствари првата работна официјална  средба со градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска.

Абасадорот Дедај го истакна стратешкото геополитичко значење на Битола во цел Балкан, како космополитски град, чиј дух на топлина може да се почувствува од секој посетител.

Според него, време е Балканот да се ослободи од предрасудите, сеедно дали се тие од идеолошки, верски, политички, национален или било кој друг карактер и да се отпочне процесот на европеизација. Конфликтите мора да останат во минатото и потребно е да се наметнат демократски норми, истакна Дедај. Тој и се заблагодари на градоначалничката Петровска за средбата и посочи дека е време да се зголеми економската соработка на двете земји.

Градоначалничката Петровска  заблагодарувајки се за посетата и за искажаните убави зборови за Битола го нагласи зачуваниот космополитски дух на Битола, во кој уште одамна, голем дел од жителите знаеле и зборувале по неколку јазици.

 Денес е повеке од потребно, да има заедничка толеранција и освестување дека сите сепак имаме исти потреби за живеење, создавање на семејства и дом. Сепак, за да може Битола да го има приматот на светска туристичка атракција, мора инфраструктурно да се среди, потенцираше Петровска.

На крајот од средбата, косовскиот амбасадор истакна дека ке биде интензивиран процесот на отворање на новиот почесен албански конзулат во земјава.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*