Don't Miss
Home / Вести / Костурска најави градежна офанзива

Костурска најави градежна офанзива

Советничката од СДСМ и заменик градоначалничка на Битола Емилија Костурски денеска на прес конференција зборуваше за како што рече, силната градежна сезона во пелагонискиот регион.

„После 4, 5 децении, граѓаните од овој регион ќе добијат 15 км рехабилитиран патен правец Битола-Тополчани-Прилеп, кој и тоа како ќе биде од голема корист.
Поточно, на регионалниот пат, делница Прилеп–Тополчани– Битола рехабилитарни се 15, 5 км во должина, 6 метри во ширина, односно со проширување во кривина и до 8 метри и со обезбедена банкина. Асфалтирањето е веќе завршено, исто така и сигнализацијата, а деновиве се местат последните 600 метри еластична ограда.
Во текот на овој и следниот месец ќе бидат објавени тендери за рехабилитација на неколку патни правци во регионот меѓу кои Битола–Демир Хисар, Крушево–Демир хисар и Битола-Меџитлија.
Интензивно работиме на проектите кои ги ветивме пред граѓаните. Реализацијата на капиталните проекти е од огромно значење за развојот на пелагонскиот регион, особено во овие услови кога се бориме со здравствената криза и се справуваме со економските последици кои ги носи“ рече Костурски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*