Во врска со кривичната пријава која некоја реномирана битолска фирма ја поднесла против екс директорот на РЕК “ Битола “, а сега прв човек на ЕСМ, Васко Ковачевски, која денска во Битола ја обелодени министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, реагираше Васко Ковачевски.
Отфрлајќи ги категорично обвинувањата упатени на негова адреса првиот човек на АД ЕСМ, Васко Ковачевски неоснованите обвинувања од срана на министерот Наке Чулев, ги окарактеризира како уште еден доказ за злоупотреба на полицијата во партиско политички цели на ВМРО ДПМНЕ.
-Помина времето на МВР ВМРО, кога се правеа хајки и се оцрнуваа неподобните за нив. Кога Наќе Чулев сака да бара криминал му препорачувам да се позанимава со времето на владеење на Христијан Мицкоски како директор на АД ЕЛЕМ, сега ЕСМ и да ги испита тендерите за набавка и увоз на струја по еноромно високи цени и ангажманот на неговите пријатели за консултантски услуги и адвокати.
За ваквите негови обвинувања искажани на денешната прес коференција против министерот Наќе Чулев ќе поднесам кривична пријава, изјави Васко Ковачевски, на прес конеференцијата.
Инаку денеска за време на посетата на Битола, министерот Наќе Чулев изјави дека реномирана фирма, која дала најповолна понуда и го добила тендерот, од страна на директорот и раководството била вршена изнуда дел од договорот да биде отстапен на друга фирма – подизведувач која ниту имала капацитет, ниту механизација, а била блиска со СДСМ.
– Со оглед дека одговорните лица во фирмата, која го добила тендерот одбиле да отстапат дел од договорот притисокот продолжил во насока што од страна на директорот на РЕК ‘Битола’, согласно пријавата, бил побаран поткуп во износ од 250 000 евра. Притоа, било укажано доколку не биде даден поткупот или не се дозволи да се отстапи дел од договорот, фирмата ќе се соочи со притисок со цел да не биде во можност да го реализира склучениот договор, изјави Чулев, кој притоа додаде дека бидејќи фирмата не се согласила да отстапи дел од договорот или да даде поткуп, притисокот продолжила со опструкции за да не може да се реализира договорот, по што РЕК „Битола“ еднострано го раскинала. Сега, рече Чулев, фирмата повела граѓанска постапка и има побарување од 1 милион евра.
М.М.