Don't Miss
Home / Вести / Крадците не мируваат за време на пандемијата

Крадците не мируваат за време на пандемијата

Во првиот месец од пандемијата, Битола е еден од трите градови, покрај Скопје и Штип кои предничат во кривичните дела од имотниот криминал каде од  515 тешки кражби, во овие три града извршени се околу 400.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, кои ги објави Македонската информативна агенција, по однос на бројот  на тешките кражби, подрачјето на СВР Битола со 102 кражби е на второ место, веднаш после Скопје.  Од нив, 65 се на подрачјето на ОВР Прилеп.

Во земјава во анализираниот месец на пандемијата, регистрирани се 2.194 кривични дела. Најголем дел, односно 47 проценти од вкупниот криминал е поврзан со актуелната состојба и мерките кои се преземаат за спречување на Ковид-19, што значи дека стапката на останатиот криминал изнесува  55,6  на 100.000 жители.

Гледано по подрачја,  во периодот од 12 март до 12 април оваа година, најголем дел од вкупниот криминал, без кривичните дела против здравјето на луѓето е извршен на подрачјето на СВР Скопје, СВР Битола и СВР Штип.  Стапката на криминал, пресметана на 100.000 жители е највисока во СВР Битола – 73,3, а потоа следат подрачјата на СВР Штип со 70,1 и СВР Скопје со 69,7.

Според статистиката на МВР во однос на семејното насилство, од 12 март до 12 април  регистрирани се 79 кривични дела сторени при семејно насилство, што претставува намалување за 28 отсто во однос на претходниот период, кога биле регистрирани 109 кривични дела.

Од прекршоците, најголемиот дел или 55 отсто се регистрирани на подрачје на СВР Скопје, потоа во СВР Штип 16,6 отсто и СВР Куманово 10,8 отсто, додека во СВР Битола, СВР Велес и СВР Струмица не е регистриран ниту еден прекршок.

Во делот на поплаките поднесени од лица против членови на нивното семејство, МВР бележи зголемување од 32 отсто, односно поднесени се вкупно 310 поплаки. Најголем број од поплаките се регистрирани на подрачје на СВР Битола 66, потоа на СВР Штип и СВР Велес 51. На подрачјето на СВР Битола, зголемувањето на поплаките е за 27 отсто.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*