Don't Miss
Home / Вести / Краткотрајното испуштање вода од Охридско Езеро е поради чистење наноси во Црн Дрим преку проект на УНДП

Краткотрајното испуштање вода од Охридско Езеро е поради чистење наноси во Црн Дрим преку проект на УНДП

По повод прес конференцијата на ВМРО ДПМНЕ со реакција се јавија од АД ЕСМ.

Во реакцијата меѓу другото се вели

Краткотрајното испуштање вода од Охридско Езеро е поради чистење наноси во Црн Дрим преку проект на УНДП

Во моментов котата на Охридското Езеро се наоѓа на 7см над минималната кота.

Ззголеменото испуштање вода во изминатите дваесетина дена беше преземено во интерес на олеснување на најавените активности за отстранување на повеќе од 10000m3 нанос од песок и друг материјал на истекот на реката Црн Дрим. Проектот на чистење е финасиран од УНДП и одобрен од Министерството за животна средина и од Општина Струга.

На барање на изведувачот на работите (во прилог), АД ЕСМ како имател на водостопанската дозвола за користење на водите на Охридското Езеро за производство на електрична енергија, а согласно на тоа и регулатор на истекот, обезбеди максимален истек на вода со што беше овозможено непречено извршување на работите кои се во интерес на целата заедница.

Работите успешно завршија, и  вчера 17.09.2020 година, при кота на Охридското Езеро 693.17 м.н.в. заврши понатамошното намалување на нивото.

Инаку, дозволените коти на Охридско Езеро согласно Водостопанската дозвола на АД ЕСМ се движат од 693.75 до 693.10, с евели во реакцијата.

                                                                                  

                                                                                                                                                   

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*