Локалната самоуправа во Битола е во длабока криза.
Ова се потврди на денешната седница на Советот, на која покрај острите критики кои ги упатуја кон локалната власт и градоначалникот Тони Коњановски, со остри критики кон актуелното раководство и локалната админситрација се нафрли и претседателката на Советот, Габриела Илиевска, од Поинаку.
Илиевска на денешната седницасо која таа претседаваше отврено изјави дека не е задоволна од тоа како функционира локаланата власт и дека доколку во најскоро време не се смени нешто во раководењето со општината мнозинството ќе ја изгуби нејзината доверба.
-И покрај тоа што Советот на време ги носи сите одлуки и Поиаку секогаш гласа за одлуките кои ги предлага власта, сепак тие не се реализираат, изјави Габриела Иливеска, која упати жестоки критики кон однесувањето на раководството на Општината Битола.
Незадоволство од раководењето на општинската админситрација и осоебно на директорите на јавните комунални претпријатија, од кои најголемиот број покажаа слаби и негативни резултати и загуби, искажа и опозицијата, предводена од СДСМ, која во знак на револт ја напушти седницата на Советот.
Инаку во последно време има отворени недорзабирања меѓу коалиционите партнери на општинската власт во Битола и според упатените само прашање на време е кога во Битола може да се случи ново прегрупирање на советнците во Советот или предвремени локални избори за советници.