Don't Miss
Home / Вести / “Кромберг и Шуберт“ донираше апарат за тестови ковид 19

“Кромберг и Шуберт“ донираше апарат за тестови ковид 19

Денеска во Центарот за јавно здравје во Битола пристигна апарат за изработка на тестови за ковид-19, донација од компанијата „Кромберг и Шуберт“.

Вкупната цена на апаратот изнесува 1,8 милиони денари.

Со овој апарат целосно ќе биде опремена микробиолошка лабораторија за молекуларна дијагностика во Центарот за јавно здравје во Битола. Со оваа донација во иднина не ќе мора повеќе брисеви секојдневно од Битола да се носат во Скопје.

Покрај „Кромберг и Шуберт“ неодамна донација за Центарот за јавно здравје даде
и општината Битола, која издвои 600.000 денари од својот буџет за опремување на молекуларната микробиолошка лабараторија, која во рамките на Центарот за јавно здравје беше изградена во 2016 година

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*