Битола во последно време врие од кучиња скитници.
Откако општината Битола и ЈП “ Комуналец “ се откажаа од тоа да ги собираат кучињата скитници и да ги згрижуваат во кафезите во Зоолошката градина, тие слободно се шетаат во Битола и буквално загосподарија со градот.
Тоа што најповеќе ги револтира битолчани е состојбата со кучињата скитници на Широк Сокак и Новиот градски пазар, каде буквално нив ги има на сите места, на скалите, пред дуканите, во зелениот пазар, кафетериите, рестораните, слаткарниците.
Најлоша е состојбата во Новиот градски пазар, откако се стопли времето па кучињата скитници едноставно “ загосподарија “ со Пазарот.
Но тоа што ги плаши купувачите е што тие најчесто седат по неколку на скалите, па купувачите едноставно се плашат да влезат во Пазарот.
И покрај сите настојувања во ЈП “ Пазари “ засега не можат да се справат со кучињата скитници.
Тие го разбираат револтот на граѓаните, но засега немаат решение за оваа појава, бидејки откако ќе бидат избркани кучињата од Пазарот, тие повторно се враќаат на истото место.
Затоа граѓаните кои најчесто купуваат во новиот градски пазар, како и трговците бараат локалната самоуправа да го реши проблемот со кучињата скитници, бидејки во овој момент тие буквално не само што ги има на сите места во градот, туку престауваат опасност за граѓаните од каснување.
Засега неколку граѓани веќе ги почуствуваа последиците од слободното “ корзирање “ на кучињата скитници во Битола.