Don't Miss
Home / Вести / ЛДП контра Поинаку

ЛДП контра Поинаку

               

        Во врска со загадениот воздух денеска со соопштение се јавија ЛДП Битола.         

        -Пред три години, точно во ова време, Поинаку организираше протести за чист воздух.

 Медиуми, транспаренти како ,, Сите ќе умреме “, ,,Битола сака да диши”, ,,Воздухот е загаден”, доминираа на протестите.

 Сеуште се свежи и сеќавањата на клетвите упатени кон поранешни функционери од локалната власт, а сето тоа беше прикажано како неспособност на власта.

Денес се покажа дека сето тоа било само обична борба за власт затоа што:

Сегашните програми за чист воздух се финансиски послаби од тие пред три години.

-Нема ниту една конкретна мерка, односно ништо не се работи и не се презема за подобрување на состојбите.

Затоа јавно прашуваме ?

Кога, во кое време и саат е закажан протестот на Поинаку ?

Ќе дојдат ли луѓето од Детската амбасада ?

Ќе има ли вонредна седница на Совет и кога е закажана ?

     Ќе има ли барем една единствена мерка што ќе ја преземе општина Битола, па макар тоа било и обично соопштение?

        П.С. Сликите под текстот се од два дена.

Тие со маглата се од денес, а се разбира протестот е од пред три години, се вели во соопштението на ЛДП Битола.

        Интересное што  актуелен претседател на ЛДП Битола е Горан Пинза, кој беше еден од најголемите “ борци “ за чист воздух, кога се појави Здружението “ Битола сака чист воздух – За нас се работи “

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*