Партијата ЛДП од нејзиното формирање, за прв пат останува без советник во Советот.
Со оглед на тоа што Валентин Груевски е избран за генерален директор на Македонски шуми, тој за да ја обавува оваа функција мора да се повлече од местото советник во Советот.
Бидејки на листата на кандидатите за советници на локалните избори вокоалциијата “ Одлучно за промени “ веднаш зад него се наоѓа кандидатката на ДОМ, Анастасија Трајковска, ЛДП го изгуби едното советничко место и на местото на Груевски новиот советник од Коалицијата ЛДП – ДОМ ќе биде Анастасија Трајковска.
Така за прв пат откако ЛДП учествува на изборите, дали во коалиција или како самостојна партија нема да има свој претставник во Советот на Битола, што некои членови на партијата го сметаат за голем политички пораз на оваа партија.