И покрај тоа што засега сеуште нема официјална информација за причините за напуштањето на коалицијата со СДСМ, сепак според извори на Битолски весник напуштаењето на коалицијата од страна на ЛДП не е случајно.
Имено тоа е само најава дека на претстојните локални избори ќе дојде до раздружување на СДСМ и ЛДП.
Имено ЛДП планира на локалните избори да оди со сопствена советничка листа и свој кандидат за градоначалник.
Засега ваквите информации немаат потврда, но во ЛДП на големо се шпекулира дека на претстојните локални избори оваа партија која се залага за Македонија да биде една изборна единица и за отворени кандидатски листи, на кои граѓаните ѓе можат да гласаат за имиња а не за партиски листи, ќе излезе со свој кандидат.
Многумина шпекулираат дека тоа може да биде актуелниот министер за локална самоуправа Горан Милевски, но засега ваквите шпекулации немаат потврда.
Има индиции дека за претстојните избори (ќе ) се прават нови коалиции мегу помалите политички партии кои ќе се обидат да ги разбијата двата блока на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ.