Македонија како и цел свет речиси еден цел месец се соочува со најголемиот непријател по здравјето на луѓето, коронавирусот.
Речиси еден цел месец светот, а во таа смисла и Македонија се соочуваат со прашањето како да ја (пре)живеат оваа досега незабележана заразна болест.
Пандемијата, која го зафати светот, за 360 степени го смени не само начинот на живот на луѓето, туку и начинот на размислување и сваќање на смислата на животот.
Светот, предводен од светските сили САД, Русија, Кина, Германија, Јапонија, Италија, Франција… никако не може да сфати што ни се случува.
Земјите, кои за себе мислеа дека можат како што сакаат да си играат со светот, деновиве изгледаат толку многу беспомошни и немоќни, што делуваат како обезглавени, кои не знаат кој пат да го фатат.
На државите кои себеси се сметаа дека не само што ја имаат покорено земјината топка, туку и вселената, им се случува вистински хорор. Луѓето им умираат буквално секој минут, без можност д аим помогнат да се излечат.
Бројот на жртвите веќе не можат да ги (пре)бројат ни земјите за кои сметавме дека имаат најразвиено здравство, кои со своите современи медицински апарати и лекарства, не им дозволува ни на веќе прежалените болни, едноставно да умрат.
Со една таква атмосвера, кога цел свет се прашува како да остане и опстане се среќава и Македонија.
Колку е атмосферата со вирусот “Ковид 19” драматична најдобра потврда е што за прв пат од својата незавинсот во Македонија воведена вонредна состојба и полициски час, а такви мерки превзедоа и најдемократските земји во Еропа и светот.
Засега, кога се бројат човечките загуби, кои не ја издржаа битката со коронавирусот, крајно неодговорно е да се пресмета цената која што секоја од државите ќе мора да ја плати да ги санира последиците од пандемијата. Но како што стојат работите тие ќе се мерат во милјарди евра.
Во ситуација кога секој од нас се прашува како да преживее, помалку налудничаво е да се прогнориза како ќе се живее по заминувањето на заразата.
Со оглед на тоа што од страна на медицинските стручњаци и експери како од Македонија, така и од светот, е кажано се што може да се каже како да се заштитиме од пандемијата, би било арчење време и простор да се повторваат мерките за заштита од корона вирусот.
Но во оваа прилика лично сакам да се осврнам на “придобивките “ од оваа зараза, која буквално не стресе сите.
Коронавирусот покажа колку е уште медицината далеку од тоа да има лек за се.Оваа пандемија покажа дека и најголемите светски стручњаци не можеа ни на сон да ја предвидат оваа зараза, која го покори светот и човештвото.
И најучените светски епидимиолози се едноставно затечени од брзото ширење на заразата и бројот на починатите.
Но токму оваа зараза покажа колку политичарите, кои целло време ни глаголеа дека имаат решение за се, сега изгледаат беспомошни во справувањето со пандемијата.
Нивните “историски политички одлуки “ некогаш не “преживуваат” ни еден ден.
Тие, деновиве буквално не ги пуштаат од раце медицинските и здравствените работници од кои очекуваат да кажат како ќе се одвива заразата. Дури сега, откако ни се случи коронавирусот сфатија колку ни се битни лекарите, медицинските сестри, болничар(к)ите, техничкиот персонал… кои се ангажирани во здравствениот систем.
Сега на сите ним им аплаудираме,а до пред појавата на коронавирусот ги тепавме и малтретиравме, присилувајќи ги да ја напуштат државата.
Старите рекле здравите луѓе имаат многу желби, но болните само една, да бидат здрави.
Верувам дека сега сите, кои се соочивме со ова невидено зло на 21 век, имаме иста желба, да останеме здрави и да ја одбегнеме заразата со коронавирусот.
Во Македонија сега веќе никој не само што не зборува за НАТО, туку убеден сум дека ни размислува за ЕУ.
Коронавирусот покажа колку и таа Европска унија е себична и разединета кога ќе ја дожежи.
Наместо отворени граници сите ги затворија границите. Како во бродот “Титаник “ ни се случува филмот спасувај се кој како може.
Глаголењата за заедништво, солидарност,човекови права и слободи, беа првите жртви на корнавирусот.
За нив веќе никој не само што не зборува, туку ниту размислува.
Затоа добро е што коронавирусот конечно ги обедини македонските политичаи, кои, освем одредени поединци, барем засега не се оглушуваат на барањата на Владата.
Сега, кога терапијата за останување во живот е седењето дома, мислам имаме доволно време сите до еден добро да размислиме како натаму, по “прележувањето “ на пандмеијата.
Имаме доволно време да сфатиме дека не се живее само од продавање политика и дека во оваа наша земја грижата за другите треба да биде иста како и грижата за себе.
Во спротивно црно ни се пишува, оти како што велат старите Горниот постојано ни испраќа пораки, но тие не допираа(т) до нас.
Клумната можете да ја прочитате во печатеното издание на Битолски весник, кој ке излезе среда на 25 март