Don't Miss
Home / Спорт / Летен тренинг на плажа со светскиот шампион во екстремна самоодбрана Дијана Неделковска

Летен тренинг на плажа со светскиот шампион во екстремна самоодбрана Дијана Неделковска

На 28 јуни (недела) со почеток од 9 часот на плажата “Pizza Bar Beach” во Претор на Преспанското езеро традиционално по 4-ти пат ќе се одржи “Летниот тренинг на плажа – Beach Body Workout 2015”.

Организаторот Дијана Неделковска, долгогодишен спортист и двократен светски шампион во екстремна самоодбрана и за оваа година најави богата програма.

11303533_967902083254779_1587316447_n

– Летниот тренинг на плажа не е настан од кој ќе произлезат спортисти, тоа е настан со кој лично сакам да потенцирам дека летото и летните одмори не секогаш мора да ги поминеме во хоризонтала. Физичката активност е благодет кој може и би требало да го практикуваме на секое место и во секое можно слободно време. И сето тоа не е обврска. Забава е. Токму тоа и на овој еднодневен Летен тренинг на плажа четврти пат по ред ќе го докажеме – ни изјави Неделковска

И оваа година како и изминатите, програмата е предвидено да започне рано наутро кога е и идеално време телото и духот да ги разбудиме со физичка активност која ќе ни го направи денот повитален.

Предвидено е да да се претстават четири инструктори, секој во својата област а како паралелен настан од оваа година ќе се одвива и специјалната програма за најмладите а за подгревање на атмосферата ќе се погрижи и реномирана диџејка.

– Целата идеја започна како обична забава. Нешто во форма на збогување пред летниот одмор па се до септември кога повторно започнуваме со активни тренинзи. Веќе по четири години самата иницијатива премина во настан кој сите со нетрпение го очекуваат. Само првата година имавме над 200 посетители што до одредена мера и не шокира колку граѓаните посакуваат вакви настани. Минатата година имавме над 400 посетители. Тоа е главната мотивација и ние да не ги изневериме нив и нивните очекувања. А нив ги има од цела Македонија. И тоа не само спортисти. Туку и рекреативци и случајни посетители кои тој ден сакаат да се дружат со нас. Нема старосна граница. Секој партиципира колку што сака и колку што може. Целта е да се забавуваме спортувајќи. “ – истакна Неделковска

И оваа година помагателите го дадоа својот скромен придонес кој е уште една специфика на овој настан. Тој е отворен и бесплатен за секој добронамерник. Ве очекуваме.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*