Лили Бошевска, со решение на градоначалникот на Општина Битола, именувана е за директорката на Јавната општинска установа Културен и информативен центар под чија надлежност се Офицерскиот дом и киното Манаки.
Бошевска по професија е магистер на менаџмент на човечки ресурси и доктор по стратегиски менаџмент.
Таа е поранешна директорка на Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ Битола и поранешна директорка на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ во Битола.
Бошевска доаѓа на местото на доскорешната директока на КИЦ, Сандра Котевска.