Битолската полиција уапси двајца битолчани, на возраст од 38 и 32 години, кај кои била пронајдена дрога.
Според информациите од СВР Битола во првиот случај, кој е регистриран синоќа околу 20 часот полициски службеници го лишиле од слобода лицето Ќ.С.(38) затоа што при преглед кај него била пронајдена непозната грутчеста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Вториот случај е регистриран исто така синоќа околу 21.20 часот кога полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода В.К.(32) од Битола затоа што при преглед во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени три пакувања со амфетамин.
По документирањето на случаите против лицата Ќ.С. и В.К. поднесени се соодветни пријави до Обвинтелството..