Општината Битола и градоначалничката Наташа Петровска издвоија скоро 129 илјади евра, за подобро и поквалитетно изведување на новиот модел на настава.
Со овие пари за училиштата во Битола се обезбедија 292 компјутери за наставниците, 67 мерачи за температура и брз интернет.
-Не сакаме ни да помислиме што ќе се случеше доколку во вакви околности училиштата останеа со блокирани сметки. Власта предводена од СДСМ не дозволи и нема да дозволи игра со иднината на нашиот подмладок и затоа за две години врати 4,3 милиони евра долг на битолските училишта и инвестираше дополнителни 1,3 милиони евра во реконструктивни зафати.
И не застануваме тука. Со нови проекти продолжуваме со вложување во образованието и безбеден образовен процес. За тоа, сите треба да понесеме дел од одговорноста. Да ги почитуваме здравствените протоколи и да придонесеме ситуацијата со Ковид 19 во училиштата да остане стабилна, а во општината под контрола, изјави на денешната прес конференција портпаролката на СДСМ, Невена Димовска.